На барање на Боки 13, тој денес ќе дава исказ пред Рускоска

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на сопствено барање,  утрово веќе би требало да дава исказ во основното јавно обвинителство кај обвинителката Вилма Рускоска, пренесе Канал 5.

-Според информациите од неговиот адвокат, исказот е на негово барање, при што Боки 13, тврди дека има несоборливи докази за вмешаност во сериозни криминали на дел од политичката елита на власта. За потсетување, тој беше осуден минатата недела на 9 години затвор заедно со екс специјалната обвинителка Катица Јаневакоја доби 7 години затвор, пишува Канал 5.

На последното рочиште, Јовановски порача дека парите од рекетот треба да се бараат кај Зоран Заев и Вице Заев.