На барање на Фетаи одложено рочиштето за ’Титаник 3’

На барање на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, судското рочиште за случајот „Титаник 3“ е одложено, објавува ТВ 21.

Обвинителката Фетаи рече дека поради незавидната ситуација со СЈО и предавањето на предметите на Основното Јавно обвинителство, сеуште не се знае кој ќе го застапува случајот.

Следното рочиште е закажано за 18 октомври. Според обвинението на СЈО за наводни изборни нерегуларности се обвинуваат Ејуп Алими и Исмет Гури.