На белоруско-полската граница пристигнале уште 400 мигранти

Уште околу 400 бегалци и мигранти од Блискиот исток пристигнале во средата на границата меѓу Белорусија и Полска којашто деновиве е оптоварена со голем наплив на луѓе коиште од земјите од споменатиот регион настојуваат да продрат преку источната надворешна граница на Европската унија, објави во средата белоруските медиуми.

Во понеделникот пограничнаа служба на Белорусија бјави дека голема група мигранти, главно Курди, се упатиле кон границата на Белорусија и Полска. Повеќе од 2.000 мигранти и бегалци, меѓу кои има многу жени и деца, беа запрени од бариерите – ограда и бодликава жица на границата на Полска, каде што веќе две ноќи минаа во импровизиран камп на многу ниски температури. Од двете страни на границите се информира за инциденти, откако полските безбедносни сили не го дозволиле преминот, а поголеми групи мигранти се обиделе да ги минат бариерите.

„Бегалците продолжуваат да пристигнуваат на белоруско-полската граница. Пред само еден час тука пристигнаа уште 400 луѓе“, објави во раните попладневни часови во средата бев-страницата на белоруското државно издание СБ.Беларусь сегодня.

Според податоците на весникот, „во моментов во кампот ма повеќе од три илијади бегалци, меѓу кои речиси 500 се деца“.

Белоруската погранична служба повеќепати информирше за насилно протерување на мирантите од страна на Литванија, Полска и Латввија на белоруска тероторија.

Кон средината на октомври активистите за човекови права ја обвинија владата во Варшава за нехумано постапување кон мигрантите и дека не им дозволува да побараат меѓународна заштита. Полска одговара дека за мигрантите е одговорна Белорусија, бидејќи се наоѓаат на нејзина територија. Полската влада, исто така, наведва дека нејзината понуда за пружање хуманитарна помош наводно била одбиена од Минск.

Последните неколку месеци, балтичките земји членки на ЕУ – Литванија, Латвија и Полска информираа за зголемување на бројот приведени илегални мигранти на своите граници со Белорусија, обвинувајќи ги властите во Минск дека создаваат миграциска криза. Белорусија, чиј претседател Александр Лукашенко во мај предупреди дека веќе нема да ги задржува на својата територија мигрантите како одговор на санкциите на ЕУ воведени поради брутално справување со демонстрантите против неговиот резибор на должноста, ги отфрла таквите обвинувања.

Во вторникот Лукашено истакна дека е забележана активност на мафијашки структури од земји членки на ЕУ кои им го осигуруваат транспортот на бегалци на Блискиот исток во Белорусија ветувајќи им дека ќе ги префрлат во Полска или другите балтички членки на Унијата и дека за тоа им се плаќа скапо.

„Не станува збор за сиромашни луѓе кои доаѓаат од таму. Ако се сиромашни, веќе им ги собрале парите. Ние целосно го следиме овој синџир. Оние кои ги фатија во Полска, мора да разјаснат кои се. Немаше Белоруси, само двајца Руси. А десетиците кои ги префрлаат луѓето се Германци и, во прв ред, Полјаци, како и Украинци и Литванци“, рече Лукашенко.

Поради ваквата ситуација на границата Полска воведе вонредна состојба во областите кои граничат со Белорусија, а армијата и полицијата се вклучени во зашита на граничната линија. Лукашенко во средата повторно истакна дека Минска повеќе нема да го задржува протокот на илегалните мигранти во земјата кон ЕУ, бидејќи поради западните санкции неговата земја нема „ниту пари, ниту сили“ за да го прави тоа.