На Бит пазар „на дело“ фатен 53-годишен крадец

Во петокот околу 15 часот полициски службеници од ЕВР Центар и Бит пазар на булеварот „Крсте Мисирков“ го привеле 53-годишниот А.Б. од Скопје поради извршено кривично дело казниво по чл. 235 од Кривичниот законик, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот бил забележан од полициски службеници при вршење на кривичното дело и веднаш е приведен, а украденото вратено на сопственикот.

Во службен разговор во полициска станица, А.Б. признал дека е извршител на уште едно кривично дело по чл. 235 од КЗ. На 05.02.2022 А.Б. е изведен пред судија на претходна постапка и изречена му е мерка притвор.