Најблискиот соработник на Џонсон го напушта Даунинг стрит

Доминик Камингс, најмоќниот советник на британскиот премиер Борис Џонсон, ќе го напушти Даунинг Стрит на средината од декември додека Џонсон прави реконструкција на својот кабинет по неуспешното справување со епидемијата на коронавирусот.

Новинската агенција Reuters објави фотографија на Камингс како излегува со кутија од седиштето на британската влада во петокот вечерта. Јавниот телевизиски сервис BBC, како и телевизијата Sky News, како и другите британски медиуми известија дека тоа значи дека Камингс ја напушат својата функција.

Од Даунинг стрит соопштија дека Камигнс продолжува да работи со Џонсон до средината на декември, иако не се знае дали и како ќе се врати во зградата.

Џонсон се соочува со фракциски борби во владејачката Конзервативна партија за идните насоки на владата, додека истовремено се справува со смртоносната епидемијата на коронавирусот во Европа. Исто така, британскиот премиер настојува да воспостави односи со веројатно новиот американски претседател Џо Бајден, како и да ги надвладее деликатните дипломатски преговори за трговскиот договор со Европската унија во последниот момент.

Камингс, кој беше еден од предводниците на кампањата за референдумот за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија во 2016 година, и е заслужен за убедливата победа на Џонсон во 2019 година, изјави за BBC дека до крајот на оваа година ќе биде прекуброен, кога ќе заврши преодниот период по брегзитот.

Конзервативните пратеници го притискаат Џонсон да ја реконструира својата администрација и да се фати во костец со епидемијата на коронавирусот која ја разорува британската економија.

Заминувањето на влијателната „десна рака“ на Џонсон би претставувала една од најзначајните промени во тесниот круг на премиерот, бидејќи некои Камингс некои го сметеа и за „мозокот“ на Џонсон.