Најбогатиот човек на светот во еден ден загуби над 10 милијарди евра

Најбогатиот човек на планетата, сопственикот на францускиот производител на луксузни стоки LMVH, Бернар Арно, во еден ден загубил 10,39 милијарди евра, пишуваат медиумите во средата.

Според извештаите, Арно оваа сума ја загубил во вторникот по значителниот пад на акциите.

Берзите во САД се во пад, а секторот луксузни стоки особено бележи загуби.

Така, акциите на компанијата „Louis Vuitton“ паднаа за 5,0 отсто, а на компанијата „Kering“, којашто е сопственик на модниот бренд „Gucci“ се намалија за 2,97 отсто.

Пазарите и натаму се загрижени поради несигурната побарувачка на луксузни стоки, особено во Соединетите држава.

Меѓутоа, Бернар Арно и натаму е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство во моментов се проценува на 178,12 милијарди евра.

Разликата меѓу него и вториот на листата најбогати луѓе на планетата, американскиот претприемач и челник на компаниите „Tesla“ за електрични возила и на технолошката „Twitter“, Илон Маск, сега се намалила на 11,13 милијарди евра.