Најбогатиот човек на светот за една вечер загуби 7 милијарди долари

(AP Photo/John Locher)

Основачот и челник на онлајн ресурсот за малопродажба „Amazon“, Џеф Безос, лидер според рангирањето на списанието Forbes на најбогатите луѓе во светот, поради паѓањето на акциите на компанијата загубил 6,9 милијарди американски долари, пренесува CNBC.

Вечерта на 24-ти октомври, четвртокот, водството на „Amazon“ го објави извештајот за добивката во третиот квартал, но бројките беа полоши од очекуваното, како резултат на пад на акциите на компаниите за 9 отсто. Безос посетува 57,6 милиони акции во „Аmazon“.

Во прилогот се истакнува дека доколку акциите продолжат да паѓаат, Безос би можел да му ја отстапи водечката позиција на листаа на најбогатите луѓе во светот на Бил Гејтс.

Претходно месецов Forbes го процени богатството на Безос на 114 милијарди долари, споредено со 160 милијарди долари претходната година. Неговите „загуби“ се поврзани со завршувањето на постапката за развод од сопругат Меккензи, којшто, како што истакнува списанието, влезе во историјата како „најскапиот развод на светот“.

Поранешната сопруга доби 19,7 милиони акции на „Amazon“, приближно 4 отсто од компанијата. Кај Безос во посед останаа 12 отсто од хартиите од вредност. Откако официјално се дозна за разводот, на почетокот од јули 4 отсто од „Amzon“ изнесуваа 38,4 милијарди долари.