На Богородица и Табановце за излез од државата се чека до половина час

На граничните премини Богородица кон Грција и на Табановце кон Србија за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, соопштуваат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути, стои во соопштението од АМСМ.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.