На „Богородица“ уапсен кипарски државјанин баран од Интерпол

На „Богородица“ уапсен кипарски државјанин баран од Интерпол

Вчера во 21,00 часот на граничниот премин „Богородица“, со меѓународниот воз 334 за влез во Република Македонија, се пријавил кипарскиот државјанин M.И.(1980)  во Пафос – Кипар, со кипарска патна исправа.

Како што информира МВР, при вршењето на гранични проверки било констатирано дека лицето фигурира во евиденциите со мерка за лишување од слобода по Телеграма од 04.05.2015 и за истото е распишана меѓународна потрага од Интерпол Кипар.

Истиот е задржан и во 23.45 часот е предаден во полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.