На Богородица за излез од земјава се чека 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти утрово Автомотосојузот на Македонија.

На Граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од Македонија, времето на чекање е не повеќе од 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, јави АМСМ.

Сообраќајот во моментов се одвива во суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

АМСМ потсети дека од 1 јули започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период, што ќе трае до 31 август, на државните патишта во Македонија, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.