На Боки 13 пријавата скината со ургенции?

6038

Фотографирањето со премиерот Зоран Заев и половина министри во владата, како и подршката на македонското ЛГБТ лоби го спаси Бојан Јовановски, познат како Боки 13 од плаќање на глобата од 15.000 евра за шверц на луксузни чевли, ремени и очила за сонце. Како што пред неколку дена објави „Нетпрес“, Боки 13 бил фатен со гардеробата на скопскиот аеродром по што цариниците му поднеле прекршочна пријава, односно според законот, тој требало да плати 15.000 евра за криумчарењето.

Но како што дознава „Нетпрес“, казната на Боки 13 му била скината, а кондурите вратени по наредба „од горе“, што предизвикало револт кај цариниците бидејќи за многу помали прекршоци големи казни плаќаат обични луѓе кои криумчарат разни работи од зорт, а не поради луксуз.
По објавување на текстот „Нетпрес“ побара одговор од Царинската управа дали била платена глобата, и дали и какви последици следат по лицето кое нема да ја плати казната. Одговор не добивме, по што побравме одговор и на информацијата дека казната му била искината. Од Царина не ни беше одговорено.

Да биде работата уште поконтроверзна, Царинската управа случајот го забележала и во редовниот неделен билтен за запленети стоки, кој се лиферува до медиумите, но секако, без детали и информации за фиичките и правните лица фатени во прекршокот. Ова е дел од официјалниот билтен:
„ Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, лекови, парфеми, тоалетни води, облека, обувки, ремени, девизи, читачи за патарини, опрема за тетовирање и фалсификати.
Задржана е следната стока:
…Во вториот случај, во патните торби на патник кој пристигнал со лет од Виена, биле пронајдени 15 пара обувки (машки и женски чевли, папучи и чизми), 3 машки ремени и 1 пар очила за сонце, од разни познати светски брендови. Во двата случаи, непријавените производи се привремено задржани а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки…“

Редакцијата на „Нетпрес“ во текот на денот кога беше издаден билтенот доби информација дека Бојан Јовановски бил патникот од Виена и објави ексклузивни фотографии и од прекршочната пријава против Боки 13, како и дека е осомничен за кривично дело.

Имено, на 19 март, годинава, Боки 13 враќајќи се во Македонија со лет од од Виена, бил фатен од царинската контрола на скопскиот аеродром во обид да прошверцува 19 пара луксузни обувки, ремени и очила за сонце. При слегувањето од авионот, Боки 13 поминал на т.н. зелен канал, место определено за лица кои немаат ништо за пријавување за царинење. При селекција од страна на царински службеник е прегледан багажот на Боки 13 и била пронајдена непријавената стока, како што информира нашиот извор, од комерцијален карактер. Дознаваме дека во багажот на Боки 13 се наѓале 10 пара машки чевли од марките „Givenchy“, „Gucci“, „Giuseppe Zanotti“, „Tom Ford“, „Christian Louboutin“, „Laurent“ и „Louis Vuitton“, потоа четири пара луксузни папучи од марките „Gucci“, „Fendi“ и „Giuseppe Zanotti“, и еден пар очила за сонце „Gucci“, како и два пара ремени од марките „Louis Vuitton“ и „Gucci“.

Согласно чл.263 ст.3 од Царинскиот закон, Боки 13 извршил царински прекршок, за избегнување на царинска контрола и според овој член од законот, Боки 13 треба да плати глоба во висина од 15.000 евра.
Инаку, Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и стана поизнат на јавноста по реалните шоу програми на кои учествуваше, а се снимаа во соседна Србија. Тој, според неговите зборови, е близок пријател со врвот на сегашната власт во Македонија, а често може да се види во друштво на премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска.

Боки 13 веднаш по преземањето на централната власт од страна на СДСМ јавно рече дека сака да посвои три деца. Тој тогаш нагласи дека очекува позитивен одговор од министерството за труд и социјала, бидејќи е во добри односи со целото раководство на СДСМ. При објавувањето на желбата на Боки 13 за посвојување на деца лично присуствуваше Фросина Ременски, која му даде силна поддршка.
Боки за ваквата своја идеја за посвојување на деца доби поддршка и од пратеничката на СДСМ, Ивана Туфегџиќ, која во едно свое гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма изјави дека хомосексуалците треба да склучуваат бракови и да посвојуваат деца.
Во екот на преземањето на власта од страна на СДСМ, Боки 13, побрза да влезе во високите кругови и преку својата граѓанска организација „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тој експресно оствари средби на високо ниво со премиерот Зоран Заев, со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и со министерот во МВР, Оливер Спасовски. Боки, како претседател небаре на етаблирана и позната светска хуманитарна организација, се состана со половина државен врв во земјава, барајќи соработка за која патем доби и голема поддршка.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.