На цел свет му е јасно дека Русија претрпе пораз, вели Зеленски

33

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање изјави дека Русија претрпела стратешки пораз во Украина и оти тоа му е јасно на целиот свет.

– На Русија и недостасува храброст да го признае тоа, посочи Зеленски.

Тој додаде дека руските сили се кукавици кои се обидуваат да ја скријат вистината зад ракетни, воздушни и топовски напади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.