Најчесто користениот лек против болка

Германскиот хемичар Феликс Хофман, кој работел за сега фармацевтскиот гигант Bayer, во 1897 година ја синтетизирал ацетисалната киселина, активната материја Аспирин, која до денес се користи како средство против болка.

Аспиринот се смета за еден од најважните лекови на XX век, иако речиси автоматски се поврзува со главоболката, неговата примен е многу поширока, па денес овој лек претставува темелна терапија за спречување на мозочен и срцев удар, симптоматското ублажување на болките и намалувањето на температурата при настинка и грип.

Аспиринот беше „научен“ лек кој почнал масовно да се продава и прв од важните фармацевтски препарати во форма на апче, а не прашок, така што шпанскиот филозоф Ортега и Гасет XX век го нарече „ера на аспиринот“.

Меѓутоа, за настанувањето на ацетисалната киселина, која е добиена по хемиски пат, заслужно е откривањето на салицилатот во врба, чијашто лековитост била позната уште во времето на Хипократ.

Приказната за ацетисалната киселина започнува многу години пред нашата ера, кога е препознаена лековитоста на врбата. Така, Хипократ, око 400 година п.не., на жените им давал да џвакаат кора од врба или да го пијат нејзиниот чај за да ги ублажат породилните болки, Благодарејќи на салицинот, како спој кој ги содржи аналгетските својства на врбата, набрзо е откриена салицилната киселина кој одреден период се користела против болка, висока температура и воспаленија. Обидувајќи се да го намали непријатниот вкус и несаканите дејства на салицилната киселина, во 1897 година, во лабораториите на Баер, германскиот хемичар Феликс Хофман ја модифицирал нејзината структура и така ја добил ацетисалната киселина.

Научниците и натаму ги истражуваат новите можности на Аспиринот, меѓу другото, и во секундарната превенција од кадиоваскуларните болести, кои се најчестата причина за смртност и инвалидитет ширум светот.