Најчевска оцени дека Катица Јанева добила преблага казна

150

Поранешната претседателка на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, требаше да добие поголема казна во коруптивниот случај „Рекет“, особено што беше претставник на извонредно моќна и значајна општествена позиција, оцени Мирјана Најчевска, поранешен претесетал на Бордот на Хелсиншкиот комитет и универзитетски професорот во своето гостување во телевизија 24

Во случајот „Рекет“ претјодно во четвртокот судот го осуди естрадниот лик и спопственик на поранепната телевизија ТВ1, Бојан Јовановски попознат како Боки 13, го осуди на 9 година затвор, а специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 7 години казна затвор.

Најчевска истакна дека според неа Јанева требало да добие многу поголема казна од Боки 13, па дури двојно или трипати поголема казна од неговата казна.

„Катица Јанева е човек којшто бил поставен на една многу клучна, многу моќна позиција во одбрана на правото, значи тоа е човек кој што не требало само да го прекршува правото и не се очекува да го прекршува правото туку напротив се очекува правото и никако да не подлегне на било какви искушенија кои што значат прекршување на истото. Според мене казната за неа треба да биде многу различна и казната за Катица Јанева треба да биде дупло или тродупло поголема во однос на ова на Бојан Јовановски, рече Најчевска

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.