Најчудните нешта кои туристите ги забораваат во хотелите

119

Персоналот на голем британски синџир хотели „Travelodge“ направија листа на најчудните предмети кои туристите ги забораваат во нивните апартмани, пренесува весникот Mirror.

Најчесто и вообиечаено е гостите да забораваат четкички за заби и полначи за мобилните телефони. Меѓутоа, во текот на изминатите 12 месеци, овој список е надополнет со 1,5-метарска фигура на еднорог направена од цвеќиња, свадбено сари украсено со скапоцени какмења и огромна сјајна месечена, која служела како заднина за фотографии.

Еден од гостите ја заборавил урната со пепелта на својот татко, а друг – семејното наследство – 65-годишни дрво бонсаи, а трет, пак, книга со автограми од познати личности кои тој ги собирал во текот на три децении. Сите предмети подоцна им биле вратени на нивните сопственици.

Покрај тоа, меѓу несекојдневните предмети најдени во апартманите, персоналот наведува и шише со вода од шкотското езеро во кое „живее“ митското прачудовиште Лох Нес, две двометарски вештачки палми, телевизор со дијагонала од 190 сантиметри, метар и половина долги ангелски крила, како и скапа персиска мачка по име Ангел.

Вработените, исто така, го додаваат на листата и случајот на „заборавен“ заспан кум на свадба, а персоналот успеал навреме за помалку од еден час да му организра навреме да стаса на церемонијата на островот Бург.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.