8.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

На дело солидарност од влади предводени од конзервативни партии

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук вели дека Македонија на дело е сведок за искажаниот висок степен на солидарност од страна на четири држави и влади предводени токму од конзервативни партии.

-Конзерватизамот и солидарноста
Македонија на дело е сведок за искажаниот висок степен на солидарност од страна на четири држави и влади предводени токму од конзервативни партии. Во овие тешки и неизвесни времиња за сите нас, најголемата билатерална помош која Македонија до денес ја доби е од владите предводени од Премиерот Јанша, Премиерот Орбан, Претседателот Трамп и Претседателот Ердоган. Тоа секако не е случајност, бидејќи конзерватизмот во себе инкорпорира одговорност, хуманост, емптија и сочуство, што е повеќе од очигледно и во заедничката битка која ја водиме против ширењето на пандемијата предизвикана од COVID-19.
Кон пријателите од нашите сестрински партии изразуваме посебна благодарност, бидејќи во услови кога и нивните држави исто така се соочуват со сериозни предизвици сепак издоија дел од нивното внимание и медицински ресурси и ни помогнаа. Во овие непријатни мигови, кои предизвикуваат голема неизвесност, потребно е да дејствуваме локално, национално, но и глобално и со заеднички сили да ги надминеме поделбите по било кој основ.
Да се надеваме дека и оваа криза наскоро ќе помине, но секако не смееме да заборавиме на искажаната хуманост и пријателство од страна на народите, кои и во оваа прилика дадоа несебична поддршка за нашата земја. Верувам дека во битката која ја водиме против заедничкиот непријател Ковид-19 ќе пристигне дополнителна поддршка и помош и од многу други земји и поединци, на кои однапред им се заблагодаруваме и ги поздравуваме.
Преку силна активност, взаемна почит и интензивна соработка во татковината и на меѓунардно ниво ќе продолжиме да дејствуваме заеднички и во интерес на граѓаните и државата, затоа што ја сакаме Македонија.
Hvala!
Köszönöm!
Thank you!
Teşekkür ederim!, стои во неговиот пост на Фејсбук.