Најден мртов мажот кој рани девојка во Велес, бил осуден за убиство на братот

Се самоуби човекот кој утрово ја претепа, па пукаше и ја рани во стомакот 25-годишната девојка од Велес,пишува порталот Батали.нет.

Полицијата попладнево го лоцираше во неговиот стан, во зграда, на улица Андон Шурков бр. 27, во близина на Интернатот, па во голема акција, се обиде да го уапси.

Сепак, човекот не дозволил да биде уапсен, па непосредно пред полицијата да влезе во станот, тој се самоубил.

Батали.нет пишува дека се работи за 38-годишниот З.Т. кој на крајот на 2008 година го убил својот брат и бил осуден на 13 годишна затворска казна.