Најден нов начин за откривање Covid-19

Американските научниците пронашле нов начин да го идентификуваат коронавирусот кај лица користејќи фитнес нараквица, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Nature Medicine.

Експертите ги проучувале податоците за оние лица кои пријавиле појава на симптоми и подоцна биле тестирани за новиот коронавирус. Резултатите од тестовите им овозможиле да ги идентификуваат специфичните промени во состојбата на организамот, кои со голема веројатност укажуваат на Covid-19 споредено со други заболувања.

Во студијата се истакнува дека индикаторите на фитнес-брезлетните помогнале да се идентификуваат отстапувања од индивидуалните норми, изразени во нивото на активноста или отчукувањата на срцето, како и промени во опсегот на спиење.

Како што истакнуваат научниците, земањето предвид на овие показатели заедно со она на што се жалеле пациентит значително помогнале да се идентификува заразениот со Covid-19 во споредба со моделот кој ги зема предвид само симптомите, а исто така и да е утврди болеста во асимптоматската форма и во нејзината рана фаза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.