Најден првиот пациент во светот кој може да го победи ХИВ без терапија

Научниците пронашле жена чијшто организам веројатно успеал самиот да се излекува од ХИВ без медицинска интервенција, објави минатата седмица порталот на научното списание Nature.

Експертите споредиле анализи на 64 ткн „елитни контролери“, мала група лица кои можат да живеат со вирусот на имунитетскиот недостиг кај човекот (Human Immunodeficiency Virus – HIV) без да земаат лекарства за да ја подобрат својата здравствена состојба. Вниманието на истражувачите го провлекла една пациентка, која живее со вирусот веќе 25 години. Првичните анализи на крвта не откриле траги на ХИВ, но сепак натамошните проучувања покажале дека таа сепак сѐ уште има клетки од вирусот, но ниедна од нив не е способна за натамошно размножување.

Виролозите веруваат дека оваа жена може да ја опишат како првата личноста во историјата чиј имунитет се справил со ХИВ-от без терапија и трансплатација на коскена срцевина, како што било во случаите со пациентите од кои лекарите успеале целосно да го отстранат вирусот.

Според авторите на студијата, во моментов експертите немаат доволно информации за да го прогласат овој случај за уникатен. Во секој случај, медицинските стручњаци имаат намера да продолжат со проучувањето на овој случај.

Досега во научните списанија беа објавени студиите за тројца пациенти кои се излекувале од ХИВ. Двајца од нив биле подложени на трансплантација на коскена срцевина во текот на лекување од рак, додека третиот минал терапија со агресивна комбинација на антиретровирусни лекарства во комбинација со никотинамид.