На денешен ден почина Григор Прличев – еден од најпознатите македонски автори од 19 век

На 6 февруари во 1893 година во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век.

Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите „Сердарот” и „Скендербег”, и познатото дело „Автобиографија”.

Со поемата „Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време.

Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.