На денешниот голем протест „Србија против насилство“ демонстрантите со обрач околу РТС

Во Белград денеска нов четврд по ред протест под мотото „Србија против насилство“, а причината за овие протести се двете масовни убиства што се случија во Србија во почетокот на месец мај.

Организаторите ги повикаа граѓантие да донесат цвеќе и да го остават пред Собранието „за да покажат почит кон жртвите на масовните убиства и сочувство за семејствата и пријателите на починатите“.

Побараа одземање на национални фреквенции од телевизии ПИНК и Хепи ТВ, смена на сите членови на Советот на РЕМ, чиешто непостапување овозможило непречено ширење на омраза и насилство, затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, замена на раководството на РТС.

Порачаа дека ќе останат на улица онолку колку што е потребно се додека не се исполнат сите нивни барања. Во Белград вчера пак како одговор на овие протести зад кои застана и опозицијата, беше организиран митинг на владејачката Српска напредна партија под мотото „Србија на надежта“.