На „Денот на слободата“ Англија бележи раст на бројот на заразите и хаос со самоизолацијата

„Денот на слободата“ во Англија, со кој британскиот премиер Борус Џонсон во понеделникот ги укина речиси сите рестриктивни мерки поврзани со пандемијата на коронавирусот е одбележан со раст на бројот на новозаразените, недостиг од продукти во супермаркетите и хаосот со апликацијата за самоизолација.

Од полноќ во Англија салите и стадионите меже да примаат посетители во целосните капацитети, дискотеките повторно работата, повторно може да се седи на шанковите во пабовите и повеќе нема ограничување на бројот на лицата кои може да се соберат на едно место. Станува збор за ново поглавје во борбата поротив пандемијата на коронаврусот, како што објаснија властите.

Носењето заштитни маски повеќе не е задолжително, но се препорачува во јавниот транспорт и во дуќаните, а повеќе нема апели ни за работа од дома, но премиерот Борис Џонсон и натаму го предупредува населението на претпазливост.

„Доколку тоа не го сториме сега, можеме да се запрашаме, кога тоа вооопшто ќе го сторимиме? Сега е вистинскиот момент но мораме да бидеме претпазливи. Мораме да бидеме свесни дека, за жал, вирусот и натаму е тука“, објави Џонсон во неделата на Twitter.

Одлуката на премиерот чија цел е придвижување на една од најголемите економии и да се стави во целесен погон врз основа дека досега во Велика Британија се вакцинирани поголем дел од населението се дожвува во јавноста како нова страница во глобалниот одговор на пандемијата.

Доколку вакцините се покажат ефикасни во намалувањето на бројот на тешките форми на коронавирусната болест Covid-19 и смртните исходи, дури и додека бројот на заразеите бележи рекорден раст, одлуката на Џонсон би можела да претставува излез од најголемата здравствена криза која последните децении ја зафати и земјата и светот. Но доколку тоа не се случи, претстојат нови рестрикции и епидемиолошки затворања.

А големиот ден на Џонсон го расипа апликацијата за Covid-19 на англискиот Завод за јавно здравство (NHS) преки која на стотици илјади луѓе им е наредено да заминат во самоизолација, вклучително и премиерот Борис Џонсон и министерот финансии Риши Сунак, бидејќи биле во контакт со лица заразени со коронавирусот.

NHS преку апликациите на паметните телефони со кусата порака „ping“, ги известува лицата кои мора да одат во самоизолација. Но, поради големиот број луѓе кои мора да заминат во самоизолација, фирмите се соочуваат со недостиг од работна сила, вклучително и дуќаните со храна во коишто полицијата поради „пигндемијата“ брзо се испразнија.

„Тоа во овој момент е еден од најголемите проблеми во сите сектори. Ковид случаите секоја седмица ни се удвојуваат“, изјави директорот на „ Marks&Spencer“, Стив Роув.

Британците се поделени околу рестрикциите, некои сакаа уште построги мерки бидејќи стравуваат дека ќе продолжи смртноста од вирусот, додека другите се изразено против најстрогите и најтешки рестриктивни мерки во историјата во мирновременски период.

Велика Британија е седманта земја во светот според бројот на починатите со 128.708 луѓе, а процените се дека наскоро ќе има повеќе дневни случаи отколку тоа што беше случајот на врвот од вториот бран претходно годинава.

Британија во неделата имаше 48.161 новозаразени со Covid-19 и 25 починати во рамките на 28 дена од позитивниот тест, како што се бележи во британскиот здравствен систем. Двата показатела се помали од саботните, кога имаше 54.674 позитивни и 41 починат. Во пикот на пандемијата годинава во јануари дневно имаше и по 1.800 смртни исходи.

Меѓутоа, 87 отсто од возрасната популација на Велика Британија ја примиле барем првата доза од вакцината против коронавирусот, а повеќе од 68 се вакцинирани со двете дози.

Љубителите на ноќниот живот и клубашката сцена изминатата ноќ масовно присуствуваа на првите музички настани без ограничувања од почетокот на пандемијата, танцувајќи цела ноќ и уживајќи во дружењето со посетителите.

„Сакам да танцувам, сакам да слушам музика во живо, го сакам чувството дека сум на концерт и опкружена со други луѓе“, изјави за Reuters 31-годишната Џорџија Пик.

Епидемиолозите главно се скептични кон укинувањето на рестрикциите, но за младите Британци по година ипол „затворање“ им е доста и горат за забави.