На Детската клинка се лекуваат 15 деца позитивни на Ковид-19

Во моментот на Детската клиника се лекуваат 15 деца позитивни на коронавирус. Сите се во стабилна состојба.

– Во моментот има околу 15 деца со 15 мајки кои се ковид-позитивни. Сите се стабилни. Ги лекуваме поради евентуална можност за компликација и дел од нив веќе ги испишуваме во сосема стабилна состојба. Нема ниту едно дете во згрозувачка состојба – изјави директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова одговарајќи на новинарски прашања.

Таа нагласи дека како што во земјата се регистрира намалување на бројките на позитивни и на лица кои се лекуваат, тој тренд е присутен и кај децата.