На деветтото издание на Бит-фест ќе има 270 настани

Утре започнува деветтото издание на најдолгото и најсодржајно културно лето во Македонија, БИТ ФЕСТ 2014 кое се организира во соработка со културните институции и граѓанските здруженија од општината, а под покровителство на градоначалникот на општина,  Владимир Талески.

И оваа година програмата наменета за сите генерации се очекува да предизвика голем интерес кај домашната публика, но и кај големиот број гости од други градови, како и наши иселеници кои ова лето решиле да го поминат во Битола. Од пристигнатите 320 апликации, битолското културно лето оваа година во својата програма ги вбројува најдобрите 165 наслови, односно над 270 настани од областа на: ликовната уметност, литература, класична музика, етно, поп, рок, world, амбиентална музика, театар и филмски проекции, детска програма, фестивали и многу други содржини.

„Деветтото издание на БИТ ФЕСТ со својата програма вклучува исклучителни уметници, афирмирани изведувачи, групи, ансамбли и други уметници кои доаѓаат од над 20 земји меѓу кои Србија, Хрватска, БИХ, Албанија, Бугарија, Грција Словенија, САД, Шведска, Холандија, Полска, Италија, Шпанија, Турција, Ерменија, Романија, Португалија, Русија, Полска, Украина, Косово, Грузија, Малта, Кипар, Јапонија и други земји. И ова издание на БИТ ФЕСТ дава можност за афирмација и на младите уметници – ентузијасти“, изјави покровителот на фестивалот – градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески на денешната прес конференција по повод свеченото отворање на БИТ ФЕСТ 2014.ла.