На Дијана Хркаловиќ укинат притворот, ќе се брани од слобода

Судот во Белград и го укина притворот на Дијана Хркаловиќ, дознава „Курир.рс.“Поранешната државна секретарка во МВР е пуштена да се брани од слобода.Таа вечерва го напушти Централниот затвор.

Обвинителството за организиран криминал побарало да и се продолжи притворот, поради опасност од бегство и влијание врз соучесниците, но Вишиот суд не го прифатил тоа барање.

Хркаловиќ е во притвор во Централниот затвор од 15 октомври под сомнение дека влијаел врз началникот на Одделот за специјални истражни методи, Дејан Миленковиќ Багзи, бидејќи не доставил навремени извештаи до обвинителството за убиството на Властимир Милошевиќ, познато како „убиство на шини“, за кој беше обвинет, а подоцна и ослободен Вељко Беливук- Веља невоља, кој сега е обвинет за пет убиства.