На дневен ред на Собрание медиумските закони

Собранието денеска треба да ја продолжи 72-та седница на која што на дневен ред се медиумските закони.

Пратениците треба да расправаат за дополнетите предлози на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на законот за медиуми, двата во второ читање.

На дневен ред на оваа седница е и барањето за давање автентично толкување на член 196 од Законот за извршување, поднесен од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.

По завршувањето на 72-та седница треба да продолжи 80-тата на која што на дневен ред се повеќе закони во прво и во второ читање, како и ратификации.

Пратениците треба да расправаат за измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита, на Законот за работните односи, на Законот за персоналниот данок на доход, на Царинскиот закон, сите во второ читање и педесетина други.