Најдобрата НБА петорка во изборот на L’Equipe

Гркот Јанис Антетокунмпо, Американците Џејмс Харден, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, и младиот Словенец Лука Дончич се избрани во најдобрата петорка на НБА лигата во оваа сезона, според изборот на читателите на француското спорстско списание L’Equipe.

Дончич, кој настапува за Далас Маверикс, како организатор на играта добил 77 отсто од гласовите, додека зад него е Демиен Лилард од Портланд Трејл Блејзерс со 10 отсто од гласовите.

Кај бековите Харден од Хјустон Рокитс добил 69 отсто, а го следи Џими Батлер од Мајами Хитс со 12 отсто од гласовите.

На крилните позции ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Џејмс добил 80 отсто од гласовите, а меѓу крилните центри уште поубедлив е минатогодишниот МВП Антетокунмпо од Милвоки Бакс кому читателите му дале дури 92 отсто од гласовите.

Најнеизвесна била борбата за позицијата центар, но Дејвис од ЛА Лејкерс сепак добил повеќе од половината од гласовите – 56 отсто, додека францускиот кошаркар Руди Гобер од Јута Џез заврши на второто место со 21 отсто од гласовите,

НБА лигата во март го прекина натпреварувањето поради пандемијата на коронавирусот. Сѐ уште не е официјално познато кога ќе продолжи сезоната, а според повеќето најави, веројатно тоа ќе биде на 15-ти јули.