На древни гробишта во Италија откриен гроб на „дете вампир“

Група италијански и американски археолози открија на древни гробишта во италијанскиот регион Умбрија останки од дете коешто најверојатно починало од маларија и е погребено со камен во устата, според посебниот ритуал за „закопување вампири“, објави интернет страницата на американскиот универзитет Аризона.

Ископувањата на детските гробишта кои се датирани од V век од нашата ера во италијанската општина Луњано-ин-Теверина ги вршеле група археолози од Италија, универзитетот на сојузната американска држава Аризона и универзитетот Стенфорд. Според научниците, локалните жители верувале дека доколку погребаат починат човек од маларија со камен во устата, тој „нема да може да воскресне од мртвите и да ја шири болеста меѓу живите“.

„Никогаш претходно не сум сретнал вакво нешто. Тоа е неверојатно гадно и чудно. Тука ова го нарекуваат ‘вампирот од Луњано’“, вели археологот и професор на универзитетот Аризона, Дејвид Сорен.

Гробиштата во Луњано-ин-Теверина археолозите го сметаат за единствено. Претходно тие веќе откриваа невообичаени гробови на деца и новороденчиња погребувани со останки од животни, со бронзен котел наполнет со пепел или со камења, приврзани за рацете и нозете на починатите.

„Знаеме дека Римјаните … прибегнувал кон гатачки методи за да го задржат ‘злото’ во телото на починатиот“, истакнува Сорен. Појаснува дека во случајот на Луњано-ин-Теверина под „зло“ се подразбирала маларијата. Тестовите на ДНК на некои од коските пронајдени на овој локалитет ја потврдуваат теоријата на археолозите.

Според водачот на ископувањето, Дејвид Пикел, откритието ќе им овозможи на научниците да дознаат повеќе не само за сериозната епидемија на маларијата со коишто се соочил регионот на Умбрија пред 1.500 години, туку и за тоа како локалното население се обидувало да се справи со болеста.

Останки од ритуалот „погребување на вампирите“ и претходно беа откривани во Италија, како и во странство. Во 2009 година во Венција беа откриен во масовна гробница останки кои се датирани од XVI век кои беа наречени „вампирот од Венеција“ од повозрасна жена погребана со камче во устата. Хрониките покажуваат дека во тој период во областа на Венеција косела епидемија на чума.

Во септември 2011 година во Ирска беа откриена два скелета на мажи на коишто при погребувањето им биле ставени црни камења во устите за да не станат од своите гробови како зомби. Во летото 2012 година, кај приморскиот бугарски град Созопол беа откриени скелети кои најверојатно потекнуваат од XII или XIII век кои биле погребани со колец во градите, друг ритуал против повампирување, а што археолозите го поврзуваат со епидемија на чума. Во 2017 година, во англиската грофоија Нортемптоншир археолозите открија останки на маж датирани меѓу III и IV век, погребан со лицето кон земјата и со камен во устата.