На двајцата починати од корона вирусот, не им била извршена обдукција

Немало обдукција на телата на двајцата починати од корона вирус во Македонија, објави Канал 5.

Доктор Станков од Судска медицина објаснува дека во Кина се направени мал број на обдукции, пред сѐ, поради високиот ризик вирусот да се пренесе на медицинскиот тим. И фамилиите треба да бидат многу внимателни со телата на починатите, бидејќи вирусот може да преживее и повторно да се пренесе.

Во делот на разјаснување на состојбата за смртта на жената од Куманово која посмртно и беше потврден вирусот, Станков објаснува дека во иднина мора прецизно во медицинските извештаи да се објасни дека пациентот имал корона вирус.

Станков вели дека спроед извештаите што ги дале неговите колеги од Кина при обдукција на белите дробови на оние кои боледувале од корна, биле преполни со густа леплива маса која ги затворала отворите на органите за дишење. И тој со порака дека строгата изолација и почитувањето на мерките може да помогнат во намалување на ширење на вирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.