На „Економист“ му е јасно кој ќе победи

Ка­ко ре­тко ко­га во пос­лед­ни­ве 20 го­ди­ни бри­тан­ски­те најв­ли­ја­тел­ни ме­ди­у­ми и дип­ло­ма­ти во Ма­ке­до­ни­ја ми­на­та­та не­де­ла ста­наа акти­вен дел од јав­на­та ма­ке­дон­ска­ по­ли­тич­ка при­каз­на.

Пр­во од­де­лот за соби­ра­ње ин­фор­ма­ции од во­е­на и по­ли­тич­ка важ­ност на бри­тан­ски­от ма­га­зин „Еко­но­мист“ на 10 март оваа го­ди­на од­на­пред ги пред­ви­де ре­зул­та­ти­те од пар­ла­мен­тар­ни­те и од пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја, а вед­наш по­тоа дој­де до две јав­ни сред­би на бри­тан­ски врв­ни дип­ло­ма­ти со двај­ца­ кан­ди­да­ти за пре­тсе­да­тел.

И две­те сред­би беа одр­жа­ни во екот на пре­диз­бор­на­та кам­па­ња на ед­ни од нај­чув­стви­тел­ни­те из­бо­ри до­се­га.

За сво­и­те претп­лат­ни­ци, кои нај­че­сто се од об­ла­ста на биз­ни­сот и на дип­ло­ма­ти­ја­та, вли­ја­тел­ни­от бри­тан­ски „Еко­но­мист“ об­ја­ви де­ка и по овие из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја ќе не­ма го­ле­ми про­ме­ни на по­ли­тич­ка­та сце­на на ко­ја до­ми­ни­ра ВМРО–ДПМНЕ, освен мо­же­би ДУИ да би­де за­ме­не­та со ДПА.

economist-logo500

Са­мо два де­на по­доц­на, со сред­ба­та на за­ме­ни­кот на ше­фот на бри­тан­ска­та дип­ло­мат­ска ми­си­ја во Скоп­је бе­ше на­пра­вен пре­се­дан со ин­вол­ви­ра­ње на про­фе­си­о­нал­ни дип­ло­ма­ти во вна­треш­на­та по­ли­ти­ка на ед­на зем­ја. Отка­ко за­ме­нич­ката Кри­стин Вин­тер­бурн се срет­на со кан­ди­да­тот на опо­зи­ци­ја­та, Стево Пендаровски, а опо­зи­ци­ските ме­ди­у­ми сред­ба­та ја прог­ла­си­ја за отво­ре­на бри­тан­ска под­др­шка, неј­зи­ни­от шеф, ам­ба­са­до­рот Кри­сто­фер Ивон мо­ра­ше јав­но да се ра­ку­ва со пре­тсе­да­те­лот Ива­нов и да пра­ти по­ра­ка де­ка, се­пак, офи­ци­ја­лен Лон­дон не из­брал свој фа­во­рит на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри.

Економист знае или анализира

Акту­ел­на­та вла­да оста­ну­ва со сил­на по­зи­ци­ја, твр­дат екс­пер­ти­те на „Еко­но­мист“, кои за­бе­ле­жу­ва­ат де­ка за прв­пат во зем­ја­та во исто вре­ме ќе се слу­чат пре­тсе­да­тел­ски и пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, што ќе вли­јае на пар­ти­ски­те по­ли­тич­ки стра­те­гии и ан­га­жи­ра­ње ре­сур­си.

Спо­ред „Еко­но­мист“, фа­во­рит за иден пре­тсе­да­тел е се­гаш­ни­от, Ѓор­ге Ива­нов, и тоа, пред сѐ, по­ра­ди сла­бо­сти­те во СДСМ, кои го под­др­жу­ва­ат глав­ни­от ри­вал на Ива­нов, Сте­во Пен­да­ров­ски. Ана­ли­за­та на „Еко­но­мист“ во овој кон­текст ве­ли де­ка ет­нич­ки­те Ал­бан­ци мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат тен­зии.

За пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри бри­тан­ски­те ана­ли­ти­ча­ри оче­ку­ва­ат вла­де­јач­ка­та (и ре­ла­тив­но по­пу­лар­на) ВМРО-ДПМНЕ да освои нај­го­лем дел од пра­те­нич­ки­те ман­да­ти, при што не се пред­ви­ду­ва да­ли би би­ле до­вол­но за ап­со­лут­но мно­зинс­тво и за фор­ми­ра­ње ко­а­ли­ци­ска вла­да со ед­на од ал­бан­ски­те пар­тии. Ин­те­рес­но е што и Бри­тан­ци­те не се си­гур­ни ко­ја пар­ти­ја на Ал­бан­ци­те ќе би­де парт­нер на Гру­ев­ски иа­ко до­бро зна­ат де­ка ДУИ е во се­ри­оз­но водс­тво во од­нос на ДПА. Се­пак, без раз­ли­ка да­ли Ах­ме­ти или Та­чи ќе би­дат дел од вла­да­та, „Еко­но­мист“ пред­ви­ду­ва кон­ти­ну­и­тет на по­ли­тич­ка­та пла­тфор­ма со сил­на про­биз­нис-аген­да на вла­да­та на Гру­ев­ски.

„Еко­но­мист“ ја ци­ти­ра ан­ке­та­та на Ин­сти­ту­тот за по­ли­тич­ки истра­жу­ва­ња (ИПИС) спо­ред која Ива­нов е во убед­ли­во водс­тво со ре­чи­си 30 про­цен­ти до­вер­ба ме­ѓу гла­са­чи­те, пред Пен­да­ров­ски со 19,4, Ха­ли­ми со шест про­цен­ти и По­пов­ски со 1,5 про­цент. При­тоа бри­тан­ски­те ана­ли­ти­ча­ри на­ве­ду­ва­ат де­ка 35 про­цен­ти од гла­са­чи­те сѐ уште не ре­ши­ле за ко­го ќе гла­са­ат и би мо­же­ле да има­ат вли­ја­ние на крај­ни­те ре­зул­та­ти.

„Еко­но­мист“ се на­вра­ќа и на су­ди­рот ме­ѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ око­лу из­бо­рот на кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел, при што се ве­ли де­ка Ива­нов бил очиг­ле­ден из­бор на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја. Спо­ред „Еко­но­мист“, пре­тсе­да­те­лот Ива­нов одр­жу­ва бли­ски вр­ски со ма­ке­дон­ски­те со­јуз­ни­ци во странс­тво, ин­сти­ту­ци­о­нал­но ги про­мо­ви­ра ет­нич­ки­те и ре­ли­ги­оз­ни­те мал­цинс­тва, а из­бег­ну­ва­ње­то на на­ци­о­на­ли­стич­ка ре­то­ри­ка го за­шти­ту­ва од се­ри­оз­ни кри­ти­ки . Со со­би­ра­ње­то 63.000 пот­пи­си за по­вто­рен из­бор, спо­ред „Еко­но­мист“, Ива­нов де­мон­стри­рал го­ле­ма јав­на под­др­шка и од 1.099 де­ле­га­ти од вкуп­но 1.236 на кон­гре­сот на ВМРО–ДПМНЕ.

pendaroski500

СДСМ останува слаб

Спо­ред ма­ке­дон­ски­те за­ко­ни кан­ди­да­ти­те за пре­тсе­да­тел мо­ра­ат да има­ат под­др­шка од 10.000 гра­ѓа­ни или од 30 пра­те­ни­ци, се ве­ли во ана­ли­за­та на „Еко­но­мист“, кој по­тсе­ту­ва де­ка двај­ца од кан­ди­да­ти­те не ус­пе­а­ле да ги со­бе­рат ба­ра­ни­те пот­пи­си. Нас­про­ти Ива­нов, кој лес­но ги за­до­во­ли за­кон­ски­те ба­ра­ња, спо­ред „Еко­но­мист“, Пен­да­ров­ски не се ни оби­дел да со­би­ра пот­пи­си и бил, ка­ко што се ве­ли во ана­ли­за­та, из­бран во тај­ност од не­кол­ку пар­ти­ски ли­де­ри. Иа­ко ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на СДСМ нај­а­вил де­ка пар­ти­ја­та ана­ли­зи­ра ли­ста од осум кан­ди­да­ти, нив­ни­от иден­ти­тет не бил откри­ен, а ни­е­ден од дру­ги­те ас­пи­ран­ти не се по­ја­вил во јав­но­ста, пи­шу­ва­ат ана­ли­ти­ча­ри­те на „Еко­но­мист“ во де­лот за опо­зи­ци­ја­та.

За сво­и­те претп­лат­ни­ци, кои нај­че­сто се од об­ла­ста на биз­ни­сот и на дип­ло­ма­ти­ја­та, вли­ја­тел­ни­от бри­тан­ски „Еко­но­мист“ об­ја­ви де­ка и по овие из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја ќе не­ма го­ле­ми про­ме­ни на по­ли­тич­ка­та сце­на на ко­ја до­ми­ни­ра ВМРО–ДПМНЕ, освен мо­же­би ДУИ да би­де за­ме­не­та со ДПА. Са­мо два де­на по­доц­на, со сред­ба­та на за­ме­ни­кот на ше­фот на бри­тан­ска­та дип­ло­мат­ска ми­си­ја во Скоп­је бе­ше на­пра­вен пре­се­дан со ин­вол­ви­ра­ње на про­фе­си­о­нал­ни дип­ло­ма­ти во вна­треш­на­та по­ли­ти­ка на ед­на зем­ја. Отка­ко за­ме­нич­ката Кри­стин Вин­тер­бурн се срет­на со кан­ди­да­тот на опо­зи­ци­ја­та, Стево Пендаровски, а опо­зи­ци­ските ме­ди­у­ми сред­ба­та ја прог­ла­си­ја за отво­ре­на бри­тан­ска под­др­шка, неј­зи­ни­от шеф, ам­ба­са­до­рот Кри­сто­фер Ивон мо­ра­ше јав­но да се ра­ку­ва со пре­тсе­да­те­лот Ива­нов и да пра­ти по­ра­ка де­ка, се­пак, офи­ци­ја­лен Лон­дон не из­брал свој фа­во­рит на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри.

dui500

По­де­ле­на­та ДУИ до­жи­ве­а­ла „дип­ло­мат­ски срам“

Спо­ред ана­ли­за­та на „Еко­но­мист“, во ко­ја ДУИ се на­ре­ку­ва „по­де­ле­на“, пар­ти­ја­та на Али Аме­ти пр­во по­ба­ра­ла „кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат“, а по­тоа од­би­ла да пред­ло­жи ал­тер­на­ти­вен кан­ди­дат за Ива­нов. На кра­јот го од­би­ла и пред­ло­гот на ДПА да под­др­жи за­ед­нич­ки кан­ди­дат на Ал­бан­ци­те. Овој дип­ло­мат­ски срам ја на­те­ра­л ДУИ по­доц­на да ре­те­ри­ра од твр­да­та по­зи­ци­ја, по што и јав­ни­те по­ра­ки кон Ива­нов ста­на­ле по­ми­ру­ва­чки, сме­та­ат во „Еко­но­мист“. От­та­му, оваа про­ме­на ја об­јас­ну­ва­ат со до­се­га нај­го­ле­ма­та по­дел­ба и би­тка за моќ во пар­ти­ја­та, ко­ја од исти­те при­чи­ни го од­ло­жи­ла сво­јот кон­грес за ју­ни. На­по­ри­те или не­а­ктив­но­ста на ДУИ да се из­бе­ре Ива­нов ќе има пос­ле­ди­ци по ра­ко­водс­тво­то и по по­стиз­бор­на­та ко­а­ли­ци­ја, се ве­ли во тек­стот на „Еко­но­мист“, ка­де што ја ана­ли­зи­ра­ат и ДПА на Мен­дух Та­чи, ко­ја, и по­крај пос­ла­би­от реј­тинг на ДУИ, се сме­та за по­при­фат­лив ко­а­ли­ци­ски парт­нер во вла­да­та по пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри ако ДУИ не по­мог­не да би­де из­бран Ива­нов. Из­ја­ва­та на ли­де­рот Та­чи, кој из­ја­ви де­ка е вре­ме да се осве­жи „вла­де­јач­ка­та ко­а­ли­ци­ја“, за „Еко­но­мист“ е знак де­ка по­стои не­ка­ков до­го­вор ме­ѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.

Кам­па­ња­та со фо­кус на тра­ди­ци­о­нал­ни­те по­ра­ки

„Еко­но­мист“ сме­та де­ка кам­па­ња­та што офи­ци­јал­но тре­ба да поч­не на 5 април, ќе до­не­се по­го­ле­мо ни­во на на­ци­о­на­ли­зам кај ал­бан­ски­те пар­тии. Со ог­лед на тоа што кан­ди­да­тот на ДПА Или­јаз Ха­ли­ми е единс­твен кан­ди­дат на Ал­бан­ци­те, на оваа пар­ти­ја ѝ да­ва одре­ден ја­вен кре­ди­би­ли­тет, кој мо­же да би­де иско­ри­стен на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри. Кај Ма­ке­дон­ци­те, „Еко­но­мист“ за­бе­ле­жу­ва хро­нич­ни сте­ре­о­ти­пи и ре­то­ри­ка спо­ред ко­ја ВМРО-ДПМНЕ се до­жи­ву­ва ка­ко на­ци­о­на­ли­стич­ка и по­пу­ли­стич­ка, а СДСМ ка­ко ели­ти­стич­ка и псев­до­ин­те­ле­кту­ал­на. „Еко­но­мист“ оче­ку­ва со­ци­јал­ни­те ме­ди­у­ми, ка­де што, исто та­ка, се при­сут­ни сте­ре­о­ти­пи­те, да оди­гра­ат по­го­ле­ма уло­га во ма­ке­дон­ски­от по­ли­тич­ки жи­вот.

Што зна­чи „Еко­но­мист“ во све­тот на биз­ни­сот и на по­ли­ти­ка­та

Ком­па­ни­ја­та „Еко­но­мист њус­пејпр ли­ми­тед“ (The Economist Newspaper Limited), ко­ја на па­за­рот се по­ја­ву­ва ка­ко „Еко­но­мист груп“ (The Economist Group), е мул­ти­на­ци­о­нал­на ме­ди­ум­ска ком­па­ни­ја со се­ди­ште во Лон­дон, ко­ја е спе­ци­ја­ли­зи­ра­на за ме­ѓу­на­ро­ден биз­нис и за гло­бал­ни ин­фор­ма­ции. Глав­ни­от биз­нис на фир­ма­та се из­да­ваш­тво, ор­га­ни­зи­ра­ње кон­фе­рен­ции и при­би­ра­ње и ди­стри­бу­ци­ја на па­зар­ни ин­фор­ма­ции. Ком­па­ни­ја­та е по­ло­ви­на во сопс­тве­ност на фир­ма­та „Пар­сонс ПЛЦ “ пре­ку фир­ма­та „Фај­неншл тајмс ли­ми­тед“. Ак­ци­о­не­ри во ком­па­ни­ја­та се поз­на­ти­те се­мејс­тва Кед­бе­ри, Ро­тшилд , Шре­дер, Ање­ли и дру­ги. Се­гаш­на­та фир­ма е нас­лед­ник на фир­ма­та-из­да­вач на по­ли­тич­ки­от жур­нал „Еко­но­мист“ ос­но­вана од Џејмс Вил­сон во да­леч­на­та 1843 го­ди­на. Та­ка­на­ре­че­ни­от од­дел за раз­уз­на­ва­ње, од­нос­но за при­би­ра­ње ин­фор­ма­ции од де­ло­вен и од по­ли­тич­ки ка­ра­ктер, е фор­ми­ран во 1946 го­ди­на со цел да обез­бе­ди еко­ном­ски ин­фор­ма­ции за ма­га­зи­нот „Еко­но­мист“ и за над­во­реш­ни­те кли­ен­ти, а иста­та го­ди­на не­го­ва­та сопс­тве­ност е по­де­ле­на по по­ло­ви­на со пре­стиж­на­та Лон­дон­ска шко­ла за еко­но­ми­ја. Вкуп­но 1.414 лу­ѓе во ком­па­ни­ја­та пра­ват го­ди­шен про­мет од око­лу 400 ми­ли­о­ни евра (2012).

Ко­ја е Кри­стин Вин­тер­бурн

За раз­ли­ка од ам­ба­са­до­рот Кри­сто­фер Ивон, за ко­го и на анг­ли­ски и на ма­ке­дон­ски ќе нај­де­те сто­ти­ци лин­ко­ви на ин­тер­нет, за не­го­ва­та за­ме­нич­ка Кри­стин Вин­те­рбурн има са­мо не­кол­ку ин­фор­ма­ции на гло­бал­на­та мре­жа.

Ако за Ивон има де­се­ти­на лин­ко­ви со де­та­ли за не­го­ва­та би­о­гра­фи­ја, за не­го­ва­та за­ме­нич­ка те­шко ќе нај­де­те и ед­на стра­ни­ца на ко­ја ќе откри­е­те што ра­бо­те­ла во ми­на­то­то. Вин­тер­бурн во оваа при­каз­на е важ­на и по­ра­ди тоа што Ивон е ам­ба­са­дор во за­ми­ну­ва­ње, тој ве­ќе има до­би­е­но дру­га дип­ло­мат­ска по­зи­ци­ја и, пра­ктич­но, Вин­тер­бурн на опе­ра­тив­но ни­во е прв дип­ло­мат и прет­став­ник на Обе­ди­не­то­то Кралс­тво во Ма­ке­до­ни­ја во пер­и­о­дот во кој ќе се слу­чат пре­тсе­да­тел­ски­те и пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри. Неј­зи­но­то име на ин­тер­нет со ба­зич­но пре­ба­ру­ва­ње за Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се нај­де са­мо во еден из­ве­штај од 2012 го­ди­на во кој се го­во­ри за со­ра­бо­тка со ма­ке­дон­ски­те вла­сти во бор­ба­та про­тив ко­руп­ци­ја­та и ор­га­ни­зи­ра­ни­от кри­ми­нал.

Автор: Горан Момироски за Република