На Европа ѝ предвидуваат скорешна енергетска катастрофа

Политиките за префрлување на ткн чисти извори на енергија може да ја доведе Европа во катастрофална ситуација веќе оваа зима, се наведува во статијата објавена во меѓународното финансиско списание Forbes.

Според авторот на статијата Дејвид Блекмон, историски рекордниот раст на цените на природниот гас во светото може да предизвика трансформирање на многу термоцентрали на нафра или на јаглен, што несомнено ќе ги зголеми трошоците за овие ресурси.

Меѓутоа, во случајот на Европа оваа опци е проблематична поради политиките на замена на енергетските извори со еколошки чистите. Според Блекмон, многу земји на континентот веќе ги затворија електраните на јаглен и гас. Тоа, пак, од своја страна доведе до криза минатото лето, кога поради слабиот ветер се акумулирало мало количество енергија и земјите мораа да се префрлат повторно на ткн валкани извори на енергија.

Аналитичарот забележува дека остото зголемување на побарувачката го испровоцирала огромниот скок на цените на гасот. Покрај тоа, Русија како одговор го ограничи извозт, што дополнително влијаело врз цената на енергенсот. Европејците, од своја страна, го свртија својот интерес кон јагленот, но дури и тука немаа простор за маневрирање. Како што истакнува аналитичарката на консултациската групација „Wood Mackenzie“ Наташа Тјурина, само Русија во моментов поседува такви резерви од гасот кои може да бидат доволни Еевропа.

„Доколку европските претрпијатија минат на јаглен, тоа ќе доведе до огромна побарувачка којашто Русија не може да ја надомести за толку кусот време. За тоа ќе биде потребно снабдување од други земји, на пример од САД но и таму ситуацијата е случна“, вели Тјурина.

Според Блекмон, станува збор за слични проблеми порад следење на истите политики за напуштање на горивата на согорување и преминување на обновливите извори на енергија. И додека Европа во моментов е во центарот на вниманието, кризата полеа станува глобалба, додава Блекмон.

Истакнува дека во сегашната ситуација нема опции за брзо решавање на проблемите, благодарејќи на „бесмислените полтички решенија“. За надминување на тешкотиите ќе бидат неопходни десет одии, колку што беше потребно да за префлрување на чистите извори на енергијата.

Ескпертот се осврнува и на извештајот на аналитичарите од „Wood MacKenzie“ и „Rystad Energy“, кои го проценуваат недостигот од инвестиции во потрагата по нови наоѓалишта во стотици милијарди долари.

„Тоа е нешто што не може да се исправи преку ноќ“, сумира авторот на статијата.

Европскиот пазар на природен гас во првата половина од годината се соочи со одлив на течен природен гас (LNG) на азиско-пацифичкиот и јужноамериканскиот пазар, чиј удел во увозот падна од 41,5 на 31 отсто. Количински испораките на LNG во Европа во истиот период паднаа за 10,74 милијарди кубни метри или за 15,9 отсто.

Цените на гасот во Европа растат од почетокот на годината и постојано пробиваат рекорди. Пред малку повеќе од еден месеци, процнетата цена на госот за малку надмина 500 долари за илјада кубни мети, а на крајот од септември достигна 1.200 долари.

Референтините европски цени последните седмици пробиваа рекордни нивоа и пораснаа за повеќе од 250 отсто годинава, што предивика зголемување на цените на енергијата и влијаеше на индустриите чиешто производство зависи од гасот. Во август цената на фјучерси за испораките на 1.000 кубни метри гас во октомври, според холандскиот TTF индекс, изнесуваше малку повеќе од 500 американски долари, а на 15-ти септемви надмина 960 долари. Ваквиот тренд продолжува и покра фактот што Русија ги исполнува сите договорени обврски за снабдувањет на континентот, и обемот на испораките на гасот во моментов е приближно до историскиот максиум.

Кон крајот на септември претседателот на управата на рускиот енергетски гигант „Газпром“, Алексеј Милер, изјави дека заостанувањето во пумпањето во подземните складишта во Европа и растечката побарувачка на гас довеле цените на енергенсот на континентот да соборува рекорди. Шефот на одделор за структурирање на договорите ви одредување на цените на гасот во „Газпром Експорт“, Сергеј Комлев истакна дека оспораките преку гасоводите од Русија во Европа во 2021 година биле на историските рекордни нивоа, а компанијата го зголемила производството на гасот за 18,4 отсто на годишно ниво.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) и неколку пратенции во Европскиот парламент оценија дека „Газпром“ не прави доволно за да го зголеми количеството на гас за Европа во услови на енормно зголемување на цените, за што експертите сметаат дека се должи на испразнетите европски капацитети за складирање по минатогодишната голема потрошувачка поради студената зима. Меѓутоа од Москва повеќепати со податоци посочија дека „Газпром“ ги исполнува сите обврски во снабдувањето со гас и оти компанијата не може да го впумпа енергенсот во гасоводите пред тој да биде продаден, како и дека за испораките е потребен извесен период.