На Европската енергетска мрежа Македонија треба да ѝ плати 18,5 милиони евра

На адреса на МЕПСО стаса сметката за ненајавеното повлекување на електрична енергија од преносниот систем. Македонија на Европската енергетска мрежа треба да и плати 18,5 милиони евра за струјата влечена од јули до октомври, објави Алсат.

Од целата оваа сума, најскапа била струјата за октомври, односно 16,5 милиони евра.

Според информациите на ТВ Алсат, за ноември сметката ќе биде многу помала бидејќи е повлечено помалку електрична енергија во однос на претходните четири месеци.

Засега МЕПСО од државната каса доби нешто над 16 милиони евра за справување со енергетскатас криза, а двојно повеќе доби ЕСМ. Овие пари ќе бидат наменети за подмирување на долгот кон Европа. Во меѓувреме ЕВН Хоум или Универзалниот снабдувач го продолжи рокот на тендерот на кој треба да се обезбеди струја за домаќинствата за идната година. Наместо до 25ти месецов, тендерот сега ќе трае до 2 декември. До тогаш државната компанија ЕСМ има можност да направи пресметка и да достави понуда од која ќе зависи и крајната цена на струјата за домаќинствата.