На фејсбук споделил дека се радува за нападот во Стразбур, па заврши в затвор

43

18-годишно момче е осудено на два месеца затвор во источниот француски град Стразбур, за воспев на тероризмот, откако постираше неколку статуси на социјалните мрежи во кои изразува радост за нападот на Божикниот маркет.

Во настанот од 11-ти декември, пет лица загинаа, а 11 беа повредени. Младото момче постирал на социјалните мрежи 17 пораки во осумте часа по нападот, во кои вели дека Стразбур го имал „најубавиот ден досега”. Дел од корисниците испратиле пријави до полицијата.

Тој денеска беше осуден на два месеца ефективен затвор и тригодишно загуба на граѓанските права. Адвокатката го бранеше со образложението дека тој е сирак, кој од тригодишна возраст е преместуван од едно сиропиталиште во друго.
Момчето истакна дека не бил свесен дека неговите постапки се казниви.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.