На Филипини елиминиран припадник на ИД

Филипинските власти соопштија дека убиле „високо позициониран милитант“ кој бил клучна врска помеѓу Исламска држава и локалните џихадисти и помагал во организирање на повеќе самоубиствени напади во регионот.

Тала Џамус познат како Абу Тала убиен е во вчерашниот судир со владините сили во џунглата во филипинската провинција Сулу, каде годинава се извршени три самоубиствени бомбашки напади.

Тала бил и инструктор за правење на бомби и преведувач од арапски јазик.

Самоубиствените напади прво се извршени врз католичката катедрала на 27 јануари, при што загинаа 23 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.