На Филипини во бура загинаа 30 луѓе, 13 исчезнати

Триесет луѓе загинаа на Филипини во свлечишта и поплави предизвикани од бурата Компасу, објави во четвртокот државната агенција за природни катастрофи, а 13 лица се сметаат за исчезнати.

Сверната покраина Илокос Сур пријавила најмногу загинати – 14 жртвит, од кои повеќето се удавиле во поплавите. Во покраината исчезнале три лица.

Во покраината Бенгует закинале двете лица, од кои пет деца, во одвоени свлечишта на земјите кои ги затрупале нивните домови, додека едно дете сѐ уште се води како исчезнато, додава агенцијата.

Дваесет ипетгодишна жена загинала од струен удар во покраината Пангасинан, а шест лица се удавиле во поплавите во покраините Кагајан и Палаван. Девет лица исчезнале во поплавите во покраините Пангасинан, Палаван и покраината Ла Унион, се додава во соопштенеито.

Компасу со обилни дождови и силен ветер од минатиот викенд беснееше на северот на Филипини. Повеќе од 14.900 луѓе мораа да ги напуштат своите домови, а во погодените области оштетени се 325 куќи. Штетите во земјоделието и инфраструктурата се проценува на повеќе од 23 милиони долари.

Филипинскиот архиплег годишно го погаѓаат 20 тропски циклони. Најсилниот тајфун кој ги погоди Филипини беше тајфунот Хаијан, во кој погинаа повеќе од 6.300 луѓе, а поради кој во ноември 2013 година домовите мораа да ги напуштат дури четири милиони луѓе.