На Флорида убиени агенти на ФБИ

Двајца агенти на американското Федерално биро за истраги (FBI) се убиени а уште тројца се ранети на Флорида во вторникот во обидот да извршат претрес, а осомничениот е мртов, соопшти на својата веб-страница канцеларијата на Бирото во Мајами.

„Двајца агенти на FBI загинаа а тројца се ранети. Двајца од ранетите агенти се пренесени во болница и се наоѓаат во стабилна состојба… Осомничениот е мртов“, се вели во соопштението.

Инцидентот се случи рано утрото во 6 часот по локално време во градот Санрајз, кога група припадници на FBI пристигнале на местото на настанот со налог за претрес по пријава за насилство врз деца, се додава во соопштението.

Според локалните медиуми, се претпоставува дека станува збор за наслни кривични дела над деца, како и дека осомничениот чувал видеоматеријални со сексуални односи со деца.

Ова е прв голем инцидент со пукање врз агенти врз FBI на должност со смртни исходи во последните неколку години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.