На француските војници кои предупредија на „граѓанска војна“ им е порачано да си заминат

Началникот на генереалштабот на француската армија Франсоа Лекоантр ја повика групата војници кои во отовреното писмо објавено пред два дена предупредија на опасноста од „граѓанска војна“ во Франција, да ги напуштат вооружените сили.

„Најразумниот потег секако е да ја напуштат институцијата за слободно да можат да ги изразуваат своите идеи и убедувања“, напиша генералот Франсоа Лекоантр во писмото до воениот персонал во кое не се изразива закана со санкции.

Во писмото објавено на интернет страницата на весникот кој изразува десничарски ставови Valeur Actuelles, војниците предупредуваат на можното избувнување немири во Франција поради „отстапките“ коишто ги прави пратседателот Емануел Макрон на исламизмот.

Ова писмо, кое го потпишуваат главно малди војници сѐ уште во активна служба, следеше по писмото коешто во април го потпишаа главно пензионирани генерали, по што министерката за одбарна Флоренс Парли тогаш рече дека тие ќе бидат казнети поради тоа што го прекршиле законот кој на резервистите или активните припадници на војската им забранува јавно изразување мислење за религијата и политиката.

Потписниците на второт писмо се опишуваат себеси како војници од помладата генерација кои служеле на боиштата во Авганистан, Мали и Централноафриканската Република или биле вклучени во антитерористичките операции спроведувани на франциска територија. Таканаречената „генерација на огнот“, меѓу другото, беше активна и во безбедносната операција „Сентинел“ во Франција, покрената по низата џихадистички напади од 2015 година.

„Ги ставива на располагање своите животи за да се уништи исламизмот на кој му дадовте отстапки на нашата почва“, напишаа војниците во отвореното писмо коешто подоцна доби голема поддршка во јавноста,

На интернет страницата на Valeur Actuelles свои потписи за поддршка на содржината на споменатото писмо ставиле до вторникот 75.000 луѓе.

Во драматично интонираното писмо, активните припадници на француските вооружени сили предупредуваат дека „пполитиката на попуштање“ ќе резултира со хаос за кој ќе биде потребна „интервенција на нашите другари во опасната мисија за да се заштитат нашите цивилизациски вредности“.

Изостанување на дејствувањето против „ордите од предградијата“, алузија на главно мигрантските квартови кои ги опкружуваат големите франциски градови каде често доаѓа до насилни протести против полициска бруталност, и другите групи коишто ги „презираат нашата земја, клутура и традиција“, ќе доведе до „граѓанска војна“ и илјадници гинења, предупредуваат потписниците на споменатото писмо.

За некои верски заедници „Франција не значи ништи освен предмет за сарказам, презир или дури омраза“, остакнуваат натаму потписниците на писмото.

Генералот Лекоантр, пак, потсетува дека „во текот на неколкуте последни седмици, припадниците на вооружените сили во голема мера ја прекршиле обврската за дискреција“. Вели и дека потписниците на писмото „за да ги одбнат своите лични убедување“, ја инволвирале војската во политички расправи кои мора да ги избегнуваат.

„Секој војник ја ужива слободата на мислењето, но мора недвосмислено да ја разликува својата граѓанска должноста од воената“, порачува генералот Лекоантр.