На Германец пенисот му се заглавил во тег

На Германец кому пенисот му се заглавил во дупка од 2,5 килограми тешкиот плочест тег, маката му ја олеснила противпожарна бригада.

Пожарникарите биле повикани во петокот болница во германскиот град Вормс, откако лекарите не успеале да ја ослободат „алатката“ на мажот. Морале да го седираат, а операцијата за спасување со аголна брусилка и хидрауличен уред траела цели три часа.

„Ве молиме немојте да се обидувате во вакви работи“, објавија подоцна пожарникарите на својата Fаcebook страница.

Иако може да се претпостави, не е наведено што мажот се обидувал да извежба кога му се случила опишаната бизарна незгода.