На годишнината од 11-ти септември Бајден го бранеше повлекувањето од Авганистан

Американскиот претседател Џо Бајден ја бранеше во саботата својата одлука да се придржува до решението за повлекување на американските трупи од Авганистан, во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од терористичките напади од 11-ти сепрември кои беа директен повод за авганистанската војна и истакна дека САД не може „да ги нападнат“ сите земји во кои се наоѓа Ал Каеда.

„Може ли Ал Каеда да се врфатио: Да, и ќе ви кажам, веќе се вратија на други места“, истакна Бајден пред новинарите во Шенксвил каде што пред 20 години се урна еден од четирите грабнати авиони кој се претпоставува дека бил насочен кон Капитол или Белата куќа во Вашингтон.

„Која е стратегијата? Мораме да ги нападнеме сите места каде што се наоѓа Ал Каеда и таму да ги оставиме нашите единици? Да бидеме сериозни“, додаде американскиот претседател.

Бајден, кој е на удар на критиките поради хаотичното повлекување од Авганистан кое заврши на 31-ви август, повтори дека претставувало грешка да се прават обиди да се обединат Авганистанците.

Исто така, Бајден смета дека САД ја исполиле својата мисија со ликвидацијата на Осаман бин Ладен основачот и водачот на Ал Каеда на на 2-ри мај 2011 година во пакистанскиот град Аботабад. Додаде ио дека била неутрализирана и џихадистичката мрежа во нејзината авганистанска база.

Американската инвазија во Авганистан беше директен одговор на нападите од 11-ти септември кога започна најдолгата војна во американската историја.

Џо Бајден минува низ тешка политичка фаза откако талибаните на 15-ти август во Кабул без борби ја преземаа власта и итната неуредна евакуација на над 123.000 луѓе од Авганистан во воена операција во оранизација на американската војска.

Но, Бајден вели дека не го загрижува падот на популарноста. „Со ова се занимавам веќе долго“, рече овој 78-годишник ветеран во американската политика.

Претседателот Бајден по повод на годишнината од терористичките напади ги посети сите места каде што се урнаа грабнатите патнички авиони во 2001 година, оддавајќи им почест на жртвите.