На годишнината од „Крвавата недела“ Бајден во Алабама зборуваше за гласачките права

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата инсистираше да се воведат мерки за зајакнување на гласачките права во САД во текот на посетата на Селма во сојузната држава Алабама на 58-годишнината од „Крвавата недела“, кога полицајци претепале мирни демонстранти кои марширале против дискриминацијата.

Ова патување на Бајден беше последниот настан насочен кон неговото истакнување на својата приврзаност на црните гласачи, кои му помогнаа да влезе во Белата куќа, а и натаму се клучниот гласачки корпус за неговиот реизбор во 2024 година.

Бајден допатува во Селма откако во Конгресот се заглави усвојувањето на законот за гласачките права.

„На Селма треба да се смета. Правото на гласање и правото вашиот глас да биде изброен е прагот на демократијата и слободата“, рече Бајден и покрај критиките од републиканските гласачи дека естаблишментот кој го поддржува не земал предвид многу гласови на претседателските избори во 2020 година кога го победи нивниот кандидат Доналд Трамп.

„Со тоа сѐ е возможно. Без тоа, без тоа право, ништо не е возможно, А ова темелно право е нападнато“, тврдеше Бајден пред мостот „Едмунд Петус“, каде што полицајците во 1965 година употребиле солзавец против демонстрантите за гласачките права.

Бајден рече дека „мора да се пронајдат гласови“ (во Конгресот) за да бидат изгласани Законот за слобода на гласањето и Законот за подобрување на гласачките права „Џон Луис“, закони кои изборниот ден би го направиле празник, со кои би се регистрирале нови гласачи и би се зајакнала контролата на Министерството за правосудство над локалните изборни надлежни тела, коишто ги критикува за наводна историја на дискриминација.

Републиканското мнозинство кое го контролира Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, се противат на предложените мерки, но не е сигурно дека Бајден би добил поддршка во Сенатот каде неговите демократи имаат тесно мнозинство.

Бајден, кој веќе објави дека ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат, ја бара поддршката од афроамериканските гласачи, но тоа избирачко тело сепак е лимитирано со застапеноста и ретко мотивирано и мобилизирано за гласање. Во тие напори Бајден во јануари во црквата во Атланта одржа говор за убиениот водач на движењето за црнечките граѓански права Мартин Лутер Кинг.

На минатогодишното одбележување на настаните во Селма на истото место присуствуваше потпретседателката Камала Харис. На 50-годишнината од маршот на мостот се прошета со својата сопруга Мишел и со претходниот републикански претседател Џорџ В. Буш и неговата сопруг Лора, и одржа говор тогашниот претседател Барак Обама, во чии два мандата Бајден беше потпретседател.