Најголем број починати од коронавирус на дневно ниво во Германија, медиумите пишуваат за забавување

Во Германија бројот на заразените со коронавирусот повторно значително е зголемен во четвртокот и сега има вкупно 73.522 инфицирани, а брјот на починатите само во еден ден се зголемил за 140 лица.

„Бројот на заразените во однос на вчерашниот ден се зголеми за 6.156, а бројот на починатите за 140, што е најмногу досега“, соопшти референтниот Институт „Роберт Кох“. Со тоа вкупно од последиците на заразата со коронавирусот во Германија починале 872 луѓе.

Од епидемијата најмногу се погодени големите сојузни покраина како Северна Рајнда –Вестфалија, Баварија и Баден-Витемберг.

Во мешувреме, пак, некои медиуми како дневниот весник Sueddeutsche Zeitung и јавниот сервис Deutschlandfunk јавуваат за тренд на забавување на растот на бројот на заразените.

„Удвојувањето на бројот на заразените сега е забавено на над десет дена“, пишува Sueddeutsche Zeitung. Единствено во сојузните покраини Сар и Саксонија времето е потребно за удвојување на бројот на заразените е покусо од десет дена.

Германската канцеларка Ангела Меркел во средата наведе дека за ублажување на мерките воведени за да се спречи острото ширење на заразате ќе се дискутира кога времето потребно да се удвои бројот на заразените ќе се зголеми на над десет дена. Вчера истовремено беше решено сегашните мерки да останат на сила до по Велигденските празници.