Најголем дел од новозаразените во Македонија се патници од странство

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Голем дел од новозаразените со корона вирус периодов се патниците кои доаѓаат од странство.

Како што вели министерот за здравство, Венко Филипче, откако кај заразените ќе биде  регистриран корона вирусот, дополнително се утврдува дали тие евентуално се носители на Делта-варијантата.

Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Можни се евентуалните ограничувања воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани.