Најголем дел од новозаразените во тетовско се млади лица

Најголем број од 18-те новозаболени со Ковид-19 во тетовското подрачје се млади лица на возраст од 20 до 30 и од 30 до 40 години, информираа од Центарот за јавно здравје во Тетово.

Од 18-те случаи најголем број се во општина Тетово, каде има 12, додека три има во Теарце. По еден заболен се евидентирани во општините Јегуновце, Брвеница и Желино.

-Младите лица кои се новозаболени се дел и од скринигот на луѓе без симптоми, но и има и новодијагностицирани, закажани за земање брис од матични лекари во „МојТермин“ или епидемиолошки земени од наша страна. Големиот број заболени млади лица најверојатно има врска со отворањето на ресторани, кафулиња, молови, голем број луѓе пред банки и пошти и поради неоодржување на дистанца и носење на маска. Но, не мора да значи дека ние треба вечно да бидеме затворени во нашите домови, напротив треба да се навикнеме да живееме со вирусот, но секогаш да се придржуваме до мерките. Што повеќе придржување до мерките и ќе има помала бројка, рече Наим Скендери, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.

Најновите резултати покажуваат два нови кластери на тетовското подрачје.

Последните денови и особено денеска новодијагностицираните се со полесна клиничка слика и симптоматологија, но има и со тешка клиничка слика и тие се хоспитализирани.

Голем број од случаите се веќе контакти на заразени и имаме два нови кластери во општините Тетово и Јегуновце. Секој нов кластер носи нови случаи со Ковид-19.

Се надевам дека кластерите ќе бидат во помал број и повеќето ќе бидат контакт случаи. Имаме проблем со криење контакти и симптоми, што ни прави проблем во иднина како нови ризик за заболување на нови лица надвор од кластерите, рече Скендери.

Изминатите неколку денови нема деца заболени од Ковид-19 во тетовско.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.