Најголем раст на бројот новозаразени од јануари во Германија

Потврдени се нови 29.426 нови случаи со коронаворусот во четвртокот во Германија, што претставува најголем дневен раст од 8-ми јануари, во периодот кога владата во Берлин настојува да воведе поостри мерки за да се сузбие третиот бран на епидемијата во земјата.

Во последното деноноќие од Covid-19 во Германија починале уште 293 лица, а од почетокот на пандемијата потврдени се вкупно 79.381 смртни исходи.

Седумдневниот просек на бројот на новите зарази на 100.000 жители се зголемил на 160, покажуваат пшодатоците на референтниот Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Германија се справува со сојот на коронавирусот кој побрзо се шири, пет месеци пред парламентарните избори на коишто се очекува помала поддршка за владејачките конзервативци на канцеларката Ангела Меркел отколку на минатите избори.

Истовремено, канцеларката Меркел инсистира парлаентот привремено да ѝ одобри на сојузната влада можност да наметне „затворање“ во областите со висок број на заразени, откако некои региони не сакаат да воведат поостри санкции.

Виценкацеларот Олаф Шолц во четвртокот ги бранеше промените на Законот за заштита од болести, кој вклучува воведување полициски час кога седумдневната инциденца на зарзата ќе го надмине бројот од 100 случаи на 100.000 жители.

„Тоа помогна насекаде, тоа е сторено во многи земји во светот и ја намали стапката на инциденцата. Сакаме да имаме посторги прописи“, изјви Шолц за јавната телевизиска мрежа ARD, додавајќи дека би требало нешто да преземе за да се ограничи ширењето на вирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.