Најголем штрајк на железничарите во Британија во последните 30 години, Џонсон е против зголемување на платите

Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, изјави дека верува оти зголемувањето на платите за време на инфлација е „неизводливо“ и ги повика шефовите на железницата и синдикатите да договорат, откако десетици илјади железничари ја блокираа железничката мрежа, што е најголемиот штрајк во последните 30 години.
Во соопштението од кабинетот на Џонсон се наведува дека премиерот, говорејќи на владината седница, денеска рекол дека патниците не смеат да го почувствуваат штрајкот, пренесува Би-би-си.
Тој рече дека без модернизација на индустријата, железничките оператори ризикуваат да пропаднат и дека патниците се соочуваат со зголемени цени што може да ги натера да се откажат од патувањето со железница.
„Ја повикувам целата земја да остане на својот курс, бидејќи овие реформи, овие подобрувања се во интерес на патувачката јавност и помагаат да се намалат трошоците за луѓето кои плаќаат билет“, рече тој.
Премиерот рече дека штрајковите биле „толку погрешни и толку непотребни“, што го отежнува доаѓањето на луѓето на работа, полагањето испити на децата и носи секакви непотребни отежнувања.
Националниот синдикат на железнички, поморски и транспортни работници (РМТ) повика на тридневен штрајк поради намалување на работните места, условите за работа, реалните плати и пензиите.
Околу 40.000 чистачи, лица во системот за одржување и персоналот на железничките станици денеска штрајкуваат еднен ден, а за  вчетврток и в сабота се планирани уште два штрајка.
Само 20 отсто од возовите сообраќаат по заминувањето на персоналот на полноќ, а многу области воопшто немаат возови, вклучително и поголемиот дел од Шкотска и Велс, целиот Корнвол и Дорсет и места како што се Честер, Хал, Линколн и Ворчестер.