Најголемата студија за коронавирусот, болните и старите најзагрозени

Кинеските здравствени власти ја објавија најголемата студија од избувнувањето на новиот тип короанвирус, и исктакнуваат дека повеќе од 80 отсто од заразените слуачи се квалификуваат како умерени.

Податоците на кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите (CCDC) покажуваат дека повеќе од 80 отсто од случаите на заразата со новиот тип коронавирус COVID-19, се поврзани со болниот и постарите луѓе.

Вкупната смртнос од COVID-19 изнесува 2,3 отсто, се наведува во студијата, и се додава дека во јанпогодената кинеска провинција Хубеи смртноста изнесува 2,9 отсто, во споредба со само 0,4 отсто во остатокот од континентална Кина.

Со студијата на CCDC биле опфатени 72.314 случаи ширум Кина од 11-ти февруари, вклучителни потврдените, сомнителните и асимптомските случа на коронавирусот. Повеќе од 12.000 заразени досега заздравиле, наведуваат кинеските здравствени власти.

Студијата заклучуива дека 80,09 отсто од заразите се класифицирани како умерение, 13,8 отсто се сериозни а само 4,7 отсто како критични. Најголемата стапка на смртноста е меѓу заболените со навршени 80 години и постари. Немало смртни случаи меѓу деца до двете годишна возраст, а кај возрасните до 39 години, стапката на смртност изнесува ниски 0,2 отсто. За лицата во четириесеттите годни стапката на смртност изнесува 0,4 отсто, во педесеттите 1,3 отсто, во шеесетитте 3,6 отсто и во седумдесеттите 8 отсто.

Мажите се позагрозени, со стапката на смртнот од 2,8 отсто, од жените кај кои стапката на смртност изнесува 1,7 отсто.

Од болесите кои го загрозуваат здравјето на заразениот пациент на прво место се кардиоваскуларните болести, а ги следи дијабетесот, хроничната респираторна болест и хипертенззијата.

Истражувањето, исто така, предупредува на големиот ризик за медицинскиот персонал. Вкупно 3,019 здравствени работници се заразени, а петмина од нив починале од 11-ти февруари, последниот ден опфатен со студијата.

Според најновите официјални податоци од Кина, починале 1.868 лица, а заразени се 71.436 луѓе. Во изминатото деноноќие починале 98 лица а потврдени се 1.886 нови случаи, од кои 93 починале и 1.807 се заразени во провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата.

Студија дека трендот на падот на кривата на епидемијата може да значи дека воведените мерки, како што е изолацијата на цели градови, објавување на советите за справување со заразата како миење раце и носење заштитни маски, и мобилизирањето на екипите за брзи реакции даваат резултати. Сепак, авторите на студијата предупредуваат дека земјата поради враќањето на луѓето по долгите празници за кинеската лунарна Нова година, „треба да се подготви за множно враќање на епидемијата“.