Најголемиот фан се откажа од Ц. Ѕвезда поради подарен дрес на воен злосторник!

Милојко Пантиќ, еден од најпознатите ТВ коментатори во Србија, претходно и во екс – СФРЈ, важи за најголем фан на Ц. Ѕвезда. Тој тоа во неколку наврати го има кажано, но беше најголем фан се до пред некој ден кога и јавно се откажа од неговата Ц. Ѕвезда.

Колку за потсетување Пантиќ беше авторот на оние историски зборови-“Стадион експлодиро, небо се отворило“ по оние 2:2 на мечот со Баерн во 1991 година.

Е тој Пантиќ во своја ТВ емисија порача дека Ц. Ѕвезда за него е само убаво минато, и дека нема намера и натаму да биде нејзин фан.

„Збогум Ѕвездо, засекогаш“, порача Пантиќ.

А причината е неверојатна, причината е еден воен злосторник и тоа што раководството на неговиот клуб деновиве направи потег кој на овие простори беше оценет како шокантен.

Имено Драган Џајиќ и Ѕвездан Терзиќ, јавно на прес му подарија на Капетан Драган дрес на Ц. Ѕвезда со бр.1.

Оние помладите не знаат кој е тој, но тие што ги паметат војните во екс – СФРЈ од 1991 до 1995, и тоа како добро знаат кој е Драган Василковиќ или Капетан Драган.

Со ова Пантиќ покажа дека е голема морална фигура. Им порача на Џајиќ и Терзиќ дека тој воен злосторник во 1991 година пукал и убивал сонародници на Просинечки и Шабанаџовиќ, тогаш играчи на Ц. Звезда. И дека со тој чин сите вистински фанови на екс европскиот клуб биле засрамени, и затоа тој не може да навива и да биде фан на таков клуб кој велича воени злосторници.