Најголемиот товар на Шилегов не му е Данела Арсовска, туку Зоран Заев, оценува Костовски

Поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски во својата колумна во која ги анализира изборните резултати од локалните избори вели дека актуелниот градоначалник Шилегов настрада поради тоа што народот го казнува Зоран Заев.

„Чувствувам дека овојпат народот го казнува господинот Заев. Најтипичен пример за оваа казна е битката за прв човек на градот Скопје. Како поранешен градоначалник можам да кажам дека господинот Шилегов својот прв мандат го одработи многу солидно, не навлегувајќи дали градската каса била користена и за некои лукративни интереси. Најголемиот товар на господинот Петре Шилегов не му е Данела Арсовска, туку е Зоран Заев –  пишува Костовски.