Најголемите банки во САД депонираа 30 милијарди долари во „First Republic“

Некои од најголемите американски банки положиле депозити во вкупен износ од 30 милијарди долари во банката „First Republic“, откако беше намален нејзиниот кредитен рејтинг, се наведува во заедничката изјава за јавноста од четвртокот.

Сумата за неосигурениот депозит ја обезбедиле вкупно 11 банки, меѓу другите, „Bank of America“, „Citigroup“, „JPMorgan Chase“, „Wells Fargo“, „Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“.

Во заедничката објава се наведува дека „со оваа кација најголемите банки во САД ја изразуваат својата доверба во ‘First Republic’ и другите банки со различни големини“, покажувајќи ја своја посветеност да им се помогне. „Регионалните, средните и мали банки се клучниот елемент во обезбедувањето здраво функционирање на нашиот финансиски систем“, се додава во соопштението.

Агенцијата Bloomberg извести дека челниците на „First Republic“ ја разгледувале можната продажба на банката по намалувањето на нејзиниот кредитен рејтинг. Притоа се забележува дека менаџментот разгледува и опции за „зголемување на нејзиниот капитал“ со помош на „нејзините поголеми конкуренти“.

На 10-ти март беше објавен банкротот на калифорниската „Silicon Valley Bank“, 16-та банка во САД според активите. Тоа предизвика очекувана верижна реакција и ги подгреа стравувањата за повторување на големата финансиски криза од 2008 година. Стравот се зголеми откако веќе на 12-ти март беше објавено дека поради системски ризик е затворена и њујоршката „Signature Bank“.

Во понеделникот на 13-ти март акциите на „First Republic“ паднале за 70 отсто, а веќе утрото во вторникот 14-ти март се намалиле за дополнителни 40 проценти. Во средата агенцијата S&P го намали кредитниот рејтинг на ниво „ББ+“ со негативна прогноза.

Банката основана во 1985 година нуди услуги за управување со пари на богатите клиенти и е голем играч на пазарот на хипотеките. Нејзините депозити на клиенти изнесувале вкупно 176 милијарди долари во јануари, од 90 милијарди долари пред само три години. Според американската банка централна банка Federal Reserve (Fed), минатата 2022 година „First Republic“ го заземала 14-то место меѓу американските банки според консолидираните средства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.