10.8 C
Skopje
сабота, ноември 26, 2022

На ГП Табановце се чека 30 до 45 минути

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу 30 до 45 минути, соопшти Автомото сојузот.

На останатите гранични премини, од македонска страна, како што посочуваат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.